Фудбалерите на Силекс, и да сакаа, не можеа да одберат подобар момент за гостување кај Шкендија во Тетово. Во некои нормални околности, кратовци речиси и нема што да бараат на теренот кај најголемиот конкурент за титулата, но во овој миг, по шест исклучително напорни меча во Лига Европа кои тетовци ги одиграа за кус период, во таборот на Силекс играат на факторот замор и токму тука ја гледаат својата шанса. Да се потсетиме дека лани Работнички имаше катастрофален старт на сезоната, и тоа токму по одличните настапи во ЛЕ. За денешниот меч во Тетово (17.30ч.) изјава побаравме од „крвникот“ на Шкендија, играчот кој лани им ја наполни мрежата, а летово беше поврзуван токму со трансфер во „црвено-црниот“ дрес. Игор Недељковиќ и денес ќе биде ударната игла на кратовци, човекот од кој се очекува со голови и асистенции да им удри уште една шлаканица на тетовци, но и да им упати аргумент плус дека летово пропуштија извонредна можност да го имат во своите редови.
-Шкендија е најсилната екипа во лигата, а тоа значи дека ќе ни биде многу тешко во Тетово и се освен победа на домаќинот ќе биде огромно изненадување. По прикажаните игри летово во ЛЕ, тетовци покажаа кој е најквалитетниот состав во земјава, а тоа значи дека ние најверојатно ќе треба да ги бараме бодовите на друго место, а не во Тетово. Што се однесува до мојот трансфер во Шкендија или друг клуб, тоа е веќе завршена приказна. Признавам дека сум незадоволен, сакав да заминам во нова средина, но ќе мора и во следниот период да пронајдам дополнителни мотиви и да дадам максимум на секој меч. Тоа морам да го направам поради себе, а уште повеќе поради моите соиграчи во тимот - истакна Недељковиќ.
Коефициентот за победа на Шкендија падна на 1.20, а триумфот на кратовци е вреднуван со коефициент 9. Мечот ќе го води Петар Мантев од Неготино.
Силекс сака да чепне бод(ови) од заморената Шкендија
Најново
![]() | Денеска | 3794 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3794 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29684 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947693 |