gogo

A+ R A-


Силекс се специјализира за финалиња на фудбалскиот Куп

Кратовски Силекс официјално ќе биде првиот второлигаш кој ќе биде дел од финалето од купот на Македонија. Избраниците на Горазд Михаилов одиграа без грешка во Битола и сосема заслужено ќе имаат можност да ја одбранат титулата од минатата сезона. Противник и благ фаворит во финалето ќе биде Македонија Ѓорче Петров.

„Испишуваме историја. Потврдуваме дека сме квалитет, дека на овој клуб, не му е местото во втора лига, напротив. Очигледно дека сме кадарни да се  носиме со сите. Честитки до моите играчи, изгинаа на терен, одиграа перфкетно, без грешка, онака како што се договоривме, и како што посакувавме. Цела сезона играме добро, немаме пораз, очигледно дека добро работиме како во домашни услови, така и на подготовките во Анталија. Посакувам трофеј секако, зошто да не. Не ми е важно кој е противникот, ние гледаме ние што ќе одиграме. На крајот би сакал да му честитам на Пелистер за добрата и пред се коректна игра, на примемот, на публиката, на атмоферата, и се надевам дека овој клуб, многу бргу ќе се врати онаму каде што му е местото“ – изјави Горазд Михаилов.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.