Екипата на Шкендија ја запиша петтата победа во шест натпревари во новата сезона од ПМФЛ. Со триумфот над Силекс (5-0), прволигашот од Тетово се зацврсти на лидерската позиција на табелата со 16 бода. Од друга страна, ова беше четвртиот едноподруго пораз на кратовци во првенството, кои останаа на стартните две победи.
Во Тетово царуваше само еден клуб, а надежите на кратовци за добар резултат ги закопа Изаир Емини со хеттрик, Погодија и Хасани и Абдурахими за потоп на составот на Жикица Тасевски.
ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – РЕНОВА 2-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 2-0
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-4
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 5-0
ШКУПИ – СКОПЈЕ 1-0
Табела: Шкендија 16, Академија Пандев 11, Вардар 10 (-1), Шкупи 10, Пелистер 8, Силекс 6, Работнички 5, Ренова 5, Победа 5, Скопје 3.