gogo

A+ R A-


Силекс се врати на победите, декласиран Кораб со 3-0

alt

Силекс денес славеше убедливо против екипата на Кораби со 3:0 во рамки на 18. коло во ВМФЛ (запад). Кратовци поведоа во првиот дел со голот на Бурхан Алију, а во вториот дел победата ја запечатија Танушев и Каланоски.

Гостивар одигра 1:1 против Вардар Скопје, Охрид на домашен терен оствари победа против Велешта со 2:1, додека Тетекс и Воска спорт одиграа 1:1.

alt

Најубедлива победа попладнево во втората лига запад оствари Беса на гостувањето кај Кадино со 5:0.

Од резултатите на источниот второлигашки фудбал, Победа Прилеп одигра 0:0 против Беласица. Со овој бод, Победа останува второпласирана екипа.

Тоа најдобро го искористи Слога Виница, која со триумфот од 2:0 против Каменица Саса, сега е прва на табелата со 39 бодови. Кит Го оствари важен триумф на гостувањето кај Локомотива Градско со 0:2 и успеа да побегне од црвената зона. Тие се на делба на 6. позиција со Кожуф, со по 22 бодови.

Кожуф имаше сериозен тест попладнево во Кочани, каде одигра 1:1 и успеа да освои бод.

Братство кој е исто така во црвената зона, оствари триумф со минимални 1:0 против Детонит Јуниор.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.