Голови...
0-1 2’ Хасани несебично додаде до Жуниор, кому не му беше тешко од 15-тина метри да го совлада Вујанац
0-2 49’ Мала бравура на Алими и Хасани кои ја измешаа одбраната на кратовци, по што Ибраими откосо со силен удар ја затресе мрежата на кратовци
0-3 65’ Положани прецизно асистира до Ибраими, кој со брз и лесен чекор се проби до пеналтикот и го матираше Вујанац
1-3 71’ Последните мечеви меѓу Силекс и Шкендија никако да поминат без погодок на Недељковиќ, па така и вчера српскиот напаѓач мајсторски реализираше откосо, протнувајќи ја топката меѓу нозе на немоќниот Захов
Момчило Митевски
Победата на Шкендија е апсолутно заслужена. Поразот боли, но доаѓа од многу квалитетен противник. Ние го дадовме совојот максимум, се обидовме да парираме, но толкави се нашите можности во овој момент и претрпевме заслужен пораз. Влеговме во мала резултатска криза, но се надеваме дека гостувањето на Победа ќе биде пресвртница за нашиот тим, истакна стратегот на кратовци.
Бруно Акраповиќ
На еден извонредно тежок терен за игра, каде во првото полувреме можеше да се игра каков-таков фудбал, за разлика од вториот дел, демонстриравме апсолутна доминација. Раниот погодок уште во втората минута многу ни ја олесни работата, по што имавме уште неколку шанси. Со вториот погодок уште на стартот на вториот дел, работата комплетно ја завршивме, посочи тренерот на Шкендија.