Гол...
45’ 0-1 Зука прецизно нафрли на работ од шеснаесетникот, а таму Стојкоски со глава, од петнаесетина метри го совлада немоќниот Митровиќ.
Жикица Тасевски
„Густиот распоред и играњето среда-недела остави последици врз мојата екипа. Ја немавме потребната агресија за екипа која игра на домашен терен. Противникот еднаш шутна кон нашиот гол и постигна погодок. Ние игравме „викторија“ пред гостинскиот гол во вториот дел, но не погодивме. Изгубивме значајни три бода кои ќе мора да ги вратиме некаде на гостински терен“, истакна стратегот на Силекс.
Ардијан Нухији
„Им честитам на моите играчи за залагањето, за душата што ја оставија на теренот. Мислам дека сосема заслужено ги освоивме трите бода. Долго време немавме триумф во Кратово, но за се има првпат и еве се враќаме со три бода“, ни рече тренерот на скопјани.
Â