Охриѓанецот Антонио Каланоски е најновото име во редовите на Силекс, кој засилено се подготвува за настапот во прво квалификациско коло во Лига Европа. 22-годишниот полушпиц е четвртото засилување во редовите на Силекс, по голманот Никола Вујанац, стоперот Стојчевски и врскарот Ѓорѓи Танушев.
Каланоски доаѓа од редовите на експрволигашот Младост Царев двор, а претходно настапувал и за Металург, Еуромилк, Напредок, Локомотива и Охрид. Тој би требало да биде замена за Игор Недељковиќ, за кого има многу понуди и голема е веројатноста летово да си замине од Кратово.
Силекс со четврто засилување, пристигна полушпицот Антонио Каланоски
Најново
![]() | Денеска | 4390 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 4390 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 30280 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20948289 |