gogo

A+ R A-


Силекс со реми против Ренова се прости од елитата (ВИДЕО)

Иако посакуваа простување од домашната публика со победа, сепак, фудбалерите на Силекс не успеаја во намерата со три бода да ја завршат најлошата сезона во последниве дваесеттина години. Одиграа само 2-2 против жилавиот состав на Ренова, кој исто како и домаќините, настапи со подмладен состав. Прволигашката трка заврши уште пред неколку кола за домашните фудбалери, па затоа и се очекуваше ефикасен ревијален меч во кој публиката требаше да ужива во многу голови.

altДодуша, првиот дел не донесе многу возбудувања, заврши без голови и без некои посериозни акции кон противничкиот гол. Домаќините нешто поконкретни, имаа полушанси преку Велинов, Иванов и Марков, но во сите три обиди немаше реализација. Во последните мигови од првиот дел возврати Мемеди на спротивната страна, но Божиновски одбрани.

Ако првиот дел беше анемичен, во вториот дел стрелците експлодираа, и тоа во првите дваесеттина минути. Прв мрежата ја начна Садики, со прекрасен волеј од некои 18 метри.

Две минути подоцна, во 52-та минута, кратовци го возвратија ударот. Муслиу лошо ја врати топката до својот голман, на неа натрча Марков, го мина Мустафи и одблизу пласираше во празната мрежа.

На третиот гол не се чекаше долго. Веќе во 55-тата минута повторно водство за гостите, овојпат Силјановски најдобро се снајде во домашниот шеснаесетник и одблизу го матираше Божиновски.

Точка на натпреварот стави српскиот интернационалец Иванов, кој во 65-тата минута ги постави конечните 2-2, по прецизниот центаршут од Велинов.

До крајот на мечот, и двата тима како да беа задоволни од постигнатиот резултат, па го приведоа мечот во мирна завршница. За Ренова ова беше уште една просечна сезона, додека домашните фудбалери со наведнати глави го напуштија теренот, откако по 21 година за првпат се селат во понизок ранг. О.Арсовски

Домаќините гневни на судијата Темелков

Иако мечот беше ревијален, без императив да се освојат бодовите, сепак, раководството на Силекс не беше воопшто задоволно од судењето на главниот судија Зоранчо Темелков, а посебно од првиот помошник Гоце Недев. На Темелков му замеруваат за сецкањето на играта и благиот критериум при делењето на картони, додека Недев сметаат дека имал неколку погрешни офсајд-проценки.

Голови...

0-1 50’ Остро нафрлување во шеснаесетникот на домаќините, голманот Божиновски ја избоксува топката, но право на ногата на Садики, кој со силен волеј-удар ја искина мрежата на кратовци.

1-1 52’ Муслиу направи катастрофална грешка при обидот да ја врати топката на голманот Мустафи, пресече Марков и со вешт дриблинг го мина гостинскиот голман и го израмни резултатот

1-2 55’ Мешаница пред голот на Божиновски, топката стигна до осамениот Силјановски, кој ја прими на 8-9 метри од голот, се намести и со прецизен удар го совлада Божиновски

2-2 65’Велинов прецизно нафрли на подалечниот дирек, таму највисоко скокна Иванов и со глава го совлада немоќниот Мустафи

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.