gogo

A+ R A-


Силекс стартува со подготовките, во Анталија ќе спарингува со Динамо Киев

alt

За разлика од останатите прволигаши кои стартуваа нешто порано со подготовките, тренерот Горазд Михајлов им даде малку подолг одмор на фудбалерите на Силекс, со оглед дека кратовци се слободни во првото пролетно коло и ќе стартуваат на 26 февруари во дерби мечот со Шкупи во Кратово. Се до 2 февруари Силекс ќе тренира во Кратово, а потоа кратовчаните заминуваат на подготовки во Турција, во Анталија каде се веќе договорени пет пријателски контролни средби. Првиот меч е со полскиот прволигаш Ресовија, потоа силите ќе ги одмерат со Сутјеска од Никшиќ. За првпат ќе играат и со клубот Согдиана од Узбекистан, а последните два натпревари во Анталија ќе ги одиграат со Динамо од Киев и со Торпедо од Грузија и на 13 февруари се враќааат во Македонија.

Во годинашново првенство, Силекс под раководство на тренерот Горазд Михајлов, кој веќе две сезони успешно го води Силекс на сите натпревари, иако има многу понуди до странство, високо котира на табелата. Се наоѓа на четвртото место со големи шанси и годинава , како и минатата да игра во еден од европските купови, или со пласман во првенството на Првата лига или во Купот бидејки е пласиран  во полуфиналето заедно со Шкендија, Струга и Македонија. Ждрепката уште не е извлечена кој со кого ќе игра.

За пролетната сезона Силекс се засили со Халил Мухаремовиќ од Подгорица, со младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година Хамза Рамани и Марко Георгиевски од Академија Пандев. Во план се уште три засилувања. Клубот го напуштија Цветановски, Коцев, Маринковиќ и Јанкуловски кои спогодбено ги раскинаа договорите со клубот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.