gogo

A+ R A-


Силекс - Тетекс 4-0

Тетовци со 4 парчиња во мрежата

видео и текст - Оливер Арсовски

&feature=autoshare

Фудбалерите на Силекс немаа ниту грам милост кон фудбалерите на Тетекс и по мирољубивото прво полувреме, во вторите 45 минути испорачаа четири погодоци во мрежата на Маџароски. А првиот дел воопшто не навестуваше голеада и вистинска катастрофа за штофарите. Можеби изгледа чудно и по малку неверојатно, но на фудбалерите на Силекс и Тетекс во првото полувреме не им се играше фудбал. Ниту еден удар кон противничкиот гол, ниту една па макар и полушанса, ниту еден корнер, ниту „Ф“ од фудбал.

Но, вториот дел донесе дијаметрално спротивна игра, течни акции, мноштво шанси и дури четири погодоци во гостинската мрежа. Прв гостите ги начна тетовчанецот Мики Атлески во 58 минута, три минути подоцна водството го удвои младиот Стојанче Насевски по извонредната соло акција на Слаѓан Митевски.

По големите промашувања на Нацев, Насевски и Темелков, се разбуди штипјанецот Ангел Нацев и со двата погодоци, првиот во 65, а вториот во 84 минута ги постави конечните 4-0. За големата немоќ на гостинскиот состав говори и податокот дека за 90 минути немаа ниту еден удар кон голот на Божиновски, а единствениот корнер го изведоа на три минути пред крајот.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.