Време е за прва првенствена победа, за освојување на првите бодови во новата фудбалска сезона. По катастрофалниот старт, фудбалерите на Силекс во петтото коло го пречекуваат „фенерџијата“ Тетекс, истотака тим без бодови. Натпреварот наместо во недела, ќе се игра во понеделник во 16.30 часот.
Силекс го доби и противникот во националниот Куп. Веќе следниот викенд кратовци гостуваат на Башкими во Куманово, а реваншот е на 26 септември.