Со двата гола на новајлијата Дарио Десниќ, Силекс го совлада второлигашот Гостивар во првиот контролен меч одигран летово. Со два различни состави, еден во првото, а друг во второто полувреме, кратовци се претставија во солидно издание, а головите паднаа по 70-тата минута, кога гостите кондициски паднаа. Во составот на Силекс дебитираа новите засилувања, со исклучок на голманот Спасоје Стефановиќ и играчот за врска Милосављевиќ, кои оправдано беа отсутни.
Â