gogo

A+ R A-


Силекс утна пенал и неколку зицери во поразот од Вардар (ВИДЕО)

Составот на Вардар и бранител на титулата како домаќин со конечен резултат 3:1 успеа да го совлада Силекс. Тоа беше втора победа за избраниците на тренерот Јаневски овој шампионат за моментно трето место со шест бода од три натпревари, колку што има и Силекс на четвртата позиција од четири мечеви сезонава.

„Црвено-црните“ водеа со голот на Грнчаров од 19. минута, зголеми ерменскиот интернационалец Барсегјан во 57., за 3:0 се погрижи Глигоров во 66-та, а вториот пораз на кратовскиот клуб го ублажи Србинот Ѓорѓевиќ кој стрелаше во 74-та. За одбележување е добрата игра на кратовци, кои утнаа пенал во 76-тата минута, кога Гачевски го одбрани ударот на Боби Георгиев.
-Дефинитивно мечот ќе беше докрај интересен и резултатски неизвесен доколку погодовме од пенал за 3-2. Но, се случува секому да промаши пенал. Игравме добро, но кога ќе создадеш толку шанси, а ќе реализираш само една, тогаш не можеш да се надеваш на бодови против шампионот Вардар - вели напаѓачот Филип Тимов.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.