gogo

A+ R A-


Силекс утре на пладне ги вклучува моторите

alt

Екипата на Силекс утре 9-ти јануари ќе стартува со подготовките за пролетната фудбалска сезона.

Како што информираше претседателот на клубот Власте Савевски првиот дел од подготовките ќе се одвиваат во Кратово, а во наредните денови ќе биде познато каде ќе се реализира вториот дел.

Силекс по завршувањето на есенскиот дел од првенството е во незавидна ситуација и приоритет на трикратниот македонски шампион е опстанокот во лигата.

Затоа се очекува во наредните неколку денови да се комплетира тимот кој ќе треба да ја заврши успешно поставената задача но и да се обиде да го донесе Силекс до трофеј во националниот фудбалски куп. Првата пречка во полуфиналето е екипата на Тетекс.

Според информациите од клубот сигурно заминуваат Богдановски и Атлески а договорите им завршуваат на голманот Божиновски и на Никола Мишевски. Се очекува во наредните денови разрешница на понатамошната соработка со овие двајца досега стандардни фудбалери.

Како големо засилување се најавува Иванов Немања кој доаѓа од екипата на Димитровград и веќе неколку месеци тренира со Силекс. Се работи за извонредно талентиран 18-годишен играч кој игра на стоперските позиции.

- Во преговори сме со неколку играчи од Србија кои заедно со тренерот Петровиќ треба да пристигнат во Кратово. Во наредните 5-10 дена ќе бидат на проба во Силекс и ќе се знае кои ќе бидат новите засилувања. Нашата интенција е екипата да брои 18 првотимци плус двајца стипендисти и тројца голмани. Максималната бројка на играчи е 25-изјави Савевски.

Сигурно дека големо засилување за Силекс ќе биде и враќањето на голгетерот Заревски кој се повреди во финишот од првенството. Негово сигурно враќање во екипата се очекува на почетокот на месец април.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.