gogo

A+ R A-


Силекс - Вардар 0-0, камерите им ги „сосекоа“ нозете

фото и текст - Оливер Арсовски

altСпоред позициите на табелата, се очекуваше фудбалерите на Вардар да имаат лесна задача на гостувањето во Кратово. Но, како и многупати во минатото, фудбалерите на Силекс се покажаа како навистина тврд орев и сосема заслужено го запреа Вардар на почетните 0-0. Дуелот во Кратово не изобилуваше со некаква фудбалска убавина, дури слободно може да се каже дека актерите од двата тима одиграа еден од најслабите нивни меѓусебни дуели. Присутните се шегуваа дека петте камери на МТВ им ги сосекоа нозете на фудбалерите. Вардарци нешто поконкретни, се обидуваа да го скршат отпорот на избраниците на Љубо Милошевиќ, но сето тоа беше јалово, далеку од опасно по голот на Божиновски. Она што е за одбележување се двете вистински прилики на гостинскиот тим, а тоа беа и нивните прв и последен обид да се стори нешто повеќе. Првиот во втората минута, кога Петров од работ на шеснаесетникот упати удар кој буквално го "избриче" дирекот од надворешната страна. И вториот во 88-та минута, кога Костовски во два наврата од непосредна близина не успеа да го матира инспирираниот Божиновски.
Во меѓувреме, јалови 85 минути. Кратовци со намера по секоја цена да стигнат до бод, максимално ја умртвуваа играта, ретко го загрозуваа голот на Захов. Единствените два удара ги упатија од далечина, и двата непрецизно. На спротивната страна "црвено-црните" на сличен начин се обидуваа да го загрозат голот, а за одбележување се "ножичките" на Костовски, како и ударите на Стојаковиќ, и Гешовски. И сето тоа непрецизно.
Како и да е, овој меч брзо ќе се заборави, а ремито е најреален резултат, затоа што никој не ја заслужи победата и трите бода.  О.Арсовски

Комитите не успеаја да влезат на трибините
Покрај рововската битка на теренот, многу искри имаше надвор од трибините, каде припадници на навивачката група "Комити" пристигнаа со два автобуси и десеттина автомобили. Еден мал дел од нив успеа да влезе на трибините, а поголемиот дел остана надвор. Неофицијално, "Комитите" не сакале да платат влезница за мечот, а имаат и стари гревови поради искршени столчиња на трибините во Кратово.

Минута по минута...
2' Петров се обиде од 18 местри, но ударот заврши десеттина сантиметри крај дирекот
15' Повторно Петров е во акција, овојпат одлично уфрли на подалечниот дирек, а таму Костовски со велемајстроски "ножички" упати удар кој заврши над пречката
66' Стојаковиќ изби сам пред голот на кратовци, но Божиновски му го затвори аголот и го натера да бие крај дирекот
68' Мијатовиќ се обиде со полуволеј од далечина, но упати непрецизен удар
70' Силен, но за малку непрецизен удар на нововлезениот Ѓешовски
81' Велинов се обиде од 25 метри, но непрецизно
88' Шанса на натпреварот пропушта Костовски, кој иако беше потпоплно осамен на петерецот, упати удар кој Божиновски на чуден начин го одбрани, а одбиената топка повторно заврши кај Костовски, кој и во вториот обид не успаеа да го совлада голманот на кратовци
alt
Љубодраг Милошевиќ
"Тешкиот терен за игра не дозволи допадлива игра, но ние нашата цел ја остваривме. Игравме против шампионот, останавме непоразени и можеме да бидеме задоволни од бодот. Ова нека биде стимул за моите фудбалери да продолжат со добри игри и да влеземе во серија ", изјави стратегот на Силекс

Боби Милевски
"Им честитам на моите играчи за залагањето и вложениот труд, а на кратовци за освоениот бод. Искрено жалам што изгубивме два планирани бода во Кратово, иако бевме поблиску до победата. Одбраната беше на ниво, малку затаивме во реализацијата", изјави стратегот на Вардар

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.