gogo

A+ R A-


Силекс - Вардар 1-0

Темелков го пресуши Вардар во 90 мин.

пишува - Оливер Арсовски

Во дуелот на двете најмлади екипи во лигата, фудбалерите на Силекс со среќен погодок во 90 мин. стигнаа до трите бода на мечот со лутиот ривал Вардар. Човек на одлука беше Александар Темелков, кој го искористи центаршутот на Мишовски. Претходно вардарци преку Нухиу за погодија пречката, додека Никанчевски, Ѓорѓиовски и Пандовски промашија од чисти позиции.

Стоп за "Комити" на Страцин

Фудбалерите на Вардар ја немаа очекуваната поддршка од навивачката група "Комити", откако полицијата засилена со 30-тина специјалци од Единицата за брзи интервенции ги запре на 15-тина километри пред Кратово. Неофицијално, управата на Силекс не сакала да ги прими на стадионот бидејќи раководството на Вардар не го организирало нивното доаѓање, но и за да се избегнат штети на трибините, каде "Комити" во минатото оставале крш зад себе.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.