Во последниот натпревар од 31-то коло во плеј-оф разигрувањето, тимот на Силекс забележа гостинска победа од 1:3 на гостувањето против Металург во ПМФЛ.
Домашниот тим на истекот од првиот дел успеаја да постигнат гол преку Марјан Радески, па на одмор заминаа со минимална предност. Во вториот дел следуваше одлична игра на гостите, кои сосема заслужено направија комплетен пресврт.
Најпрво во 48-та минута Крсте Тодоров изедначи на 1:1, водство на гостите им донесе Недељковиќ во 71-та минута, додека конечните 1:3 ги постави Мариќ неколку минути пред крајот на средбата.
Со оваа победа, Силекс се зацврсти на петтата позиција, Металург пак ќе остане шести на крајот од ова првенство.
Резултати, 31-во коло:
Вардар 4:1 Ренова
Работнички 2:1 Шкендија
Металург 1:3 Силекс