Силекс - Башкими 3-0
Иако на првиот натпревар одигран во Куманово фудбалерите на Башкими покажаа дека можат да му парираат намладиот состав на Силекс, сепак, на реванш дуелот во Кратово домашните фудбалери не им дадоа ни трошка надеж дека може да остварат позитивен резултат. Кратовци уште на самиот почеток, во првите триесеттина минути, му одржаа вистинска лекција на третолигашот и со три речиси идентични погодоци го легнаа противникот на земја. Веќе во петтата минута бележиме водство на кратовци, во режија на двоецот Ѓорѓиев - Радовановиќ. Првиот убаво се проби по левата страна, уште поубаво нафрли на петерецот, а таму Србинот буквално ја заби топката под пречка. Вторито гол е реплика на првиот.Овојпат Велинов си поигра со гостинската одбрана, префрли на подалечниот дирек, а таму Ѓорѓиев од непосредна близина го матираше Мамути. Откако видоа кратовци која е
најслабата позиција на гостите, се редеа акции по левата страна, а третиот погодок го реализираа во 29-тата минута. Мијатовиќ прецизно асистираше до Радовановиќ, кому не му беше тешко да го постигне и својот втор погодок на мечот.
Гостите во вториот дел се отворија, беа блиску до почесен погодок, но еднаш го погодија дирекот, а во друга прилика Божиновски го спаси голот.
Силекс
Божиновски, И.Насевски, Кариќ, Петров, Ѓорѓевиќ (46' Лампевски), Мијатовиќ, Коњарски,С.Насевски (82' Кочоски),Радовановиќ (58' Митевски), Велинов, Ѓорѓиев
Башкими
Мамути, Емини (46' Фатахи), А.Рамадани, Е.Алиу, О.Алиу, Јашари, Сулимани, Лутфиу (68' Хида), С.Рамадани, Бислими (46' Додевски), Бајрами
Стрелци: Радовановиќ 5', 29', Ѓорѓиев 18' (С)
















