Фудбалерите на Силекс со 3-1 денеска го победија тимот на Брегалница во пријателскиот меч кој требаше да биде „генералка“ пред продолжувањето на сезоната. Мечот се одигра на неутрален терен во Пробиштип, заради зачувување на зелениот тепих во Кратово.
Мечот го отвори Брегалница со погодокот на Лазе Илиев, а Силекс израмни преку Ѓорѓи Марков. И вториот гол е дело на Марков, откако по неговиот удар, некој од играчите на Брегалница си постигнал автогол. Конечните 3-1 ги постави Лазар Ѓорѓевиќ.