Денес во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за фудбалскиот куп на Македонија и беше напавен распоредот на натпревари за Првата и Втората фудбалска лига. Кратовски Силекс имаше среќа во куп-натпреварите, добивајќи го за противникот тимот на Могила (Битола). Се игра еден меч на теренот на противникот, на 21 август 2013. Во второлигашката конкуренција Силекс во првото коло тргнува од својот терен, каде на 10 август ќе го пречека тимот на Миравци. Еве го распоредот за првото коло:
Врапчиште - Руфеја
Новаци - Тиверија
Маџари - 11 Октомври
Силекс - Миравци
Тетекс - Локомотива
Победа - Скопје
Корзо - Дрита
Борец - Зајас
Еве ги и сите двојки за националниот куп:
Зајас - Вардар
Локомотива - Напредок
Баби - Гостивар
Караорман - Пелистер
Беласица- Турново
Работник Џ. - Шкендија
Сатеска - Брегалница
Карбинци - Работнички
11 Октомври - Ренова
Могила - Силекс
Новаци - Eуромилк
Албарса - Тетекс
Корзо - Металург
Миравци - Руфеја
Борец - Дрита
Љуботен - Македонија Ѓ. П.