gogo

A+ R A-


Силекс загуби во првата контролка од Работнички со 1-2

alt

Попладнево Силекс на военото игралиште во Скопје одигра контролен дуел со ФК Работнички на кој загуби со 2-1, но тренерот Сенев е задоволен од прикажаното и планира до стартот на сезоната да создаде силен тим подготвен за второлигашките предизвици. Стрелци на головите на оваа средба беа Илиоски (1-0) и К.Велкоски(2-1) за Работнички и Велинов од пенал за Силекс (1-1). „Романтичарите" повеќе од еден час играат со најсилниот состав, додека Силекс започна со следните 11-мина: Павлов, Насевски, Милошевски, Петров, С.Лазаревски, Магловски, Коцев, Велинов, Митевски, Н.Ѓорѓиев, Г.Ѓорѓиев. Играа уште и Митковски, Миленов, Блажев и Крстевски.

Екипата на Силекс во следната сезона ќе се натпрварува во Втората лига, но кратовци не ги кријат амбициите и најавуваат експресен кам-бек во елитата. Тренерот Трајче Сенев кој остана на кормилото успеа да го задржи костурот на тимот се разбира со исклучок на српските интернационалци кои немаат право да играат во Втората лига. Тука се Никола Ѓорѓиев, Велинов, Насевски, како и новите засилувања, Павлов на голманската позиција, потоа засилувањата од Пелистер Сашо Лазаревски и Стефан Магловски и уште некои фудбалери.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.