gogo

A+ R A-


Силекс – Напредок 1-1

Темелков спасител на Силекс

пишува - Оливер Арсовски

Фудбалерите на Силекс се спасуваа од пораз во последните минути на мечот, а израмнувањето стигна во 86 мин. преку Александар Темелков. Гостите од Кичево поведоа во 43 мин. со голот на Левков, погодија две пречки, а последните 15 минути ги одиграа со играч повеќе, но не успеаја да го задржат водството. Клучен момент беше неоправданото исклучување на домашниот бек Злате Бошковски во 77 мин. поради туркање на играч, кое ги налути домашните фудбалери и во фуриозна завршница стасаа до бод, иако имаа извонредни прилики и за целосен пресврт.

Она што е интересено за кратовските љубители на фудбалот е дека своето деби пред домашната публика го имаше талентираниот Слаѓан Митевски - Цако, кој настапи 60-тина минути и имаше забележителен настап. Триесеттина минути одигра и Стојанче Насевски - Чоко, кој во две прилики можеше да се прослави, но затаи реализацијата. За недела-две се очекува и враќањето на теренот на бекот Даниел Лампевски - Меки, кој конечно закрепна по повредата на коленото.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.