gogo

A+ R A-


Силекс – Тетекс и Шкендија – Вардар во полуфиналето на фудбалскиот куп

alt

Денеска во просториите на ФФМ беше извршено извлекувањето на полуфиналните двојки во фудбалскиот куп на Македонија.
Ждрепката сакаше во полуфиналето да се состанат најтрофејниот тим во Купот, Вардар (петпати победник) и екипата на Шкендија, која единствена од полуфиналистите нема триумф во ова натпреварување. Првиот натпревар ќе се одигра на 17.април 2013 година во Тетово во 16 часот.
Според тоа во второто полуфинале ќе играат Силекс и Тетекс. Тимот од Кратово во два наврати бил победник на Купот, додека Тетекс еднаш го има освоено пехарот. Првиот натпревар се игра во Кратово.
Реванш натпреварите се закажани за 2.мај 2013 година со почеток во 16 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.