Фудбалерите на кратовскиот третолигаш „Силкрат“ имаа фудбалско знаење, но им недостига физичка кондиција за да освојуваат бодови. Така беше и викендов, впрочем идентично како и на неколку претходни натпревари. Водеа со 1-0 на полувреме против скопски Илинден, на почетокот од вториот дел поведоа и со 2-0, но тука некаде како да го изгубија здивот, па гостите намалија на 1-2. Во тие мигови нововлезениот Стојанов пропушти две зрели прилики да го реши победникот, а казната стигна во последните 10 минути, кога гостите постигнаа два погодока по грешка на домашната одбрана и си заминаа со песна за Скопје.
Гоблен - Кадино (К) 3-1
Силкрат - Илинден 2-3
Фортуна - Радуша 1-0
Карпош 93 - Шкендија (А) 1-1
Башкими 1947 - Раштак 4-2
Екипата на Драчево и Беса слободни.
ТАБЕЛА
1.Гоблен 8 6 1 1 22:5 19
2.Драчево 8 6 0 2 23:12 18
3.Кадино (К) 9 6 0 3 27:21 18
4.Башкими 1947 8 6 0 2 23:12 18
5.Беса 8 4 0 4 18:18 12
6.Фортуна 8 4 0 4 17:13 12
7.Илинден 9 4 0 5 11:19 12
8.Карпош 93 8 3 1 4 17:19 10
9.Шкендија (А) 9 3 1 5 10:16 10
10.Раштак 9 3 0 6 11:21 9
11.Радуша 9 2 1 6 11:13 7
12.Силкрат 9 2 0 7 13:34 6