И во вториот натпревар во третолигашката конкуренција фудбалерите на Силкрат не успеаја да стигнат до првата победа. А имаа се што им беше потребно за триумф, настап на својот стадион пред домашна публика, одличен судија и водство од 2-0 со прекрасните голови на Горан Арсовски. Но, во вториот дел несфатливиот пад во играта резултираше со два погодоци на гостите од Сарај. Првиот по автоголот на Антовски, а вториот во последните минути по досудениот пенал за гостите. Мечот изобилуваше со тензии, а судијата исклучи еден домашен и двајца гостинси играчи, како и гостинскиот тренер.
Следната недела Силкрат гостува на Башкими.