gogo

A+ R A-


„Силкрат“ шампион во општинската лига, ќе игра бараж за регион

Фудбалерите на „Силкрат“ од Кратово се закитија со шампионската титула во меѓуопштинската лига, во која учество земаа по три екипи од Кратово и Крива Паланка. Тие на убедлив начин, со само едно реми и дури девет победи и освоени 28 од можни 30 бодови, го кренаа пехарот наменет за победникот во лигата. Нив ги очекува бараж дуел за пласман во регионот, а силите ќе ги одмерат на неутрален терен во скопско Марино, против екипата на Драчево. Им посакуваме среќа и триумф за пласман во регионот.

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.