На кого му сметаат луѓето од Турција во Брегалница!? Иако имаше најави за подобри денови во Брегалница, сепак последните успеси на клубот му сметаат на некого. Дека тоа е така, говори и скандалот кој се случи пред неколку часа, а за кој пишува весникот Македонски спорт. По средбата Брегалница - Македонија (1:2), нападнат е тренерот Јуксел Јесилова. Неговиот автомобил е сопрен во месноста Долни Балван, на неколку километри пред Штип и таму е удиран со метална прачка пред очите на неговата девојка, две женски лица и едно малолетно дете.
“Видов тепачка на патот. Тренерот Јесилова беше целиот во крв...“, изјавил очевидец веднаш штом ја здогледал скандалозната сцена во месноста Долни Балван.
Јуксел Јесилова го потврдил инцидентот, а неговите пријатели изјавија:
„Тренерот го нападнаа Мите Митев и Иле Колев. Тие пред ова беа во клубот а и сега составија понуда да го задржат клубот. Не смееме да збориме сега затоа што има полициска истрага“.
Истрагата е во тек... Полицијата вечерва ќе има еден куп работа. Други извори велат дека Митев и Митров по настанот заминале во болница и тие пријавиле дека биле нападнати иако двајцата уште по мечот во Кочани се изживувале со Јесилова и неговите гости.
СКАНДАЛ: Екс-газдите на Брегалница го претепаа турскиот тренер Јесилова
Најново

![]() | Денеска | 398 |
![]() | Вчера | 2629 |
![]() | Оваа недела | 7721 |
![]() | Минатата недела | 20600 |
![]() | Овој месец | 10258 |
![]() | Минатиот месец | 109072 |
![]() | Вкупно | 22412745 |















