gogo

A+ R A-


СКАНДАЛ ВО КРАТОВО: Јесилова и Здравков ги нокаутираа младинците Мишев и Костов

http://cdn.ekipa.mk/wp-content/uploads/2016/10/jesilova-so-rabotnicki-2.jpgФудбалерите на Брегалница го загубија дуелот во Кратово, а тоа очигледно предизвика толкава нервоза во нивните редови, што веднаш по мечоткој го загубија со 0-1 се испотепале пред соблекувалната. Според очевидци на немилите настани, а тоа го потврдија и службените лица присутни пред гостинската соблекувална, дошло до тепачка меѓу капитенот на Брегалница, Горан Здравков и младинецот Стефан Мишев, во која подебелиот крај го извлекол Мишев, кој двапати бил удрен од капитенот и паднал на подот. Веднаш потоа, велат очевидците, на сцена стапил тренерот Јуксел Јасилова, кој силно го удрил Костов, играчот по чија вина штипјани примија гол. Брзата реакција на редарите и полициските службеници спречиле поголем инцидент во таборот на Брегалница, во која очигледно зовреа страстите по овој, за нив, многу болен пораз.
Што се однесува до натпреварот, кратовци беа нешто подобар противник и со погодокот на Игор Недељковиќ во 49-тата минута ја прекинаа серијата од осум меча без победа. Мечот беше тензичен, со многу туркања на актерите на мечот, а беше прекршен и ферплејот во последните мигови на дуелот, кога по повредата на голманот Вујанац, гостите не ја вратија топката, туку креираа брза акција по која романецот Карута од само неколку метри промаши стопроцентна шанса.   О.Арсовски

http://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/articles/2015/12/02/1036-goran-zdravkov-2910.jpg?itok=mRQfNr_q

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.