Во Автокоманда Скопје и Силекс ги поделија бодовите
На последниот натпревар од 28 коло од првата машка фудбалска лига фудбалерите на Скопје и Силекс одиграа само 1-1. Домашните фудбалери дојдоа многу рано во водство по одличното нафрлување на Бајрамовски од десната страна кон најдобриот играч кај Скопје Кировски кој одлично ја прими топката на гради и со прецизен удар од околу 10 метре го совлада Божиновски.
За израмнување на овој натпревар се погрижи гостинскиот напаѓач Заревски кој во 30 минута со својот погодок донесе израмнување.
Овие погодоци во првиот дел беа и конечните на овој натпревар, второто полувреме беше само досадна игра на средината на теренот каде што и двете екипи едвај посакуваа да заврши натпреварот.
Скопје со овој нарешен резултат останува на 10 позиција на табелата и сеуште се наоѓа на позицијата која води во баражот за опстанок во прволигашкото друштво, додека пак Силекс се наоѓа на 5 позиција и е со осигуран опстанок.