Претстојното 19.коло од Првата фудбалска лига, како и 16.коло од Втората лига, ќе се развлече во текот на оваа и следната седмица поради лошите временски услови и снежните терени.
ФФМ и официјално потврди дека утре од 14 часот ќе се игра само мечот Работнички – Хоризонт Турново. Во вторник ќе се играат натпреварите Ренова – Брегалница и Вардар – Металург, додека за в среда се закажани мечевите Силекс – Тетекс и Шкендија – Пелистер.
Во Втората лига, утре од 14 часот ќе се игра само натпреварот Шкупи – Гостивар на стадионот во Чаир.
Три меча ќе се играат во вторник (14 часот) : Влазерими – Скопје, Дрита – Напредок и Еуромилк – Македонија ЃП.
Последниот натпревар се игра в среда, а ќе се сретнат Кожув – Младост Царев Двор.