Не боли толку убедливиот пораз од 5-2, колку грубиот однос на противничките играчи и лошото судење, велат од таборот на кратовскиот третолигаш Силкрат. Кратовци вчера загубија од Драчево на гости, но затоа нивниот играч Драган Тодоровски заработи силен удар со лакт по десното око, по што му беше извршена лекарска интервенција на скопските клиники. Стрелец на двата погодока беше Горан Арсовски, кој досега на 11 меча постигна 8 погодоци.
Средбата во Слупчане помеѓу ФК Беса и ФК Башкими е прекината при резултат 1-0 за домашните откако настана тепачка помеѓу фудбалерите на двете екипи.
ФК Раштак 0-3 ФК Гоблен
ФК Беса -ФК Башкими (3-0 сл. за ФК Беса)
ФК Илинден 0-1 ФК Фортуна
ФК Радуша 3-1 ФК Карпош 1993
ФК Драчево 5-2 Фк Силкрат
ТАБЕЛА: Гоблен 22, Драчево 21, Кадино 18, Башкими 18, Беса 15, Фортуна 15 итн.