gogo

A+ R A-


Со скор 21 победа од 23 меча, денес Шкендија гостува во омиленото Кратово

Фудбалерите на Силекс денес (15.30ч.) треба да заборават на сите трауми од минатото кога играле против Шкендија и со три бода да се вдомат во горниот дел од табелата. Статистиката во пресрет на денешниот дуел меѓу Силекс и Шкендија вели дека Шкендија е голем фаворит, но на теренот и не мора да биде така.

Бројките велат дека на последните 23 првенствени натпревари тетовци победиле дури во 21. Силекс само еднаш успеал да одигра реми и само еднаш, и тоа на 06.12.2015 година, ја победил Шкендија и тоа во Кратово (3-2).
Инаку кога сме кај вкупните бројки, Шкендија и Силекс досега одиграле 39 средби, кратовци се радувале на седум, шест пати било нерешено а Шкендија победила во 26. Гол разликата е 79:39 за тетовци.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.