Тетекс во Европа, Силекс извиси
пишува - Оливер Арсовски
Пропадна и последната можност фудбалерите на Силекс летово да заиграат на европската фудбалска сцена. Кратовци со сите сили навиваа Работнички во финалетот на Купот да го совлада Тетекс и со тоа да му овозможи на Силекс како петопласиран да излезе на евросцената, но испадна обратно. Во едно крајно сомнително финале тетовци речиси без борба, прелесно ги совладаа романтичарите со 3-2, и тоа на нивни терен. Деновиве низ медиумите се проширија информации дека фудбалерите на Работнички и нивните семејства добивале смртни закани, капитенот бил физички нападнат во едно кафуле, некои фудбалери биле незаинтересирани за фудбал итн. Како и да е, и годинава проработе (не)фудбалската кујна и изрежира уште едно скандалозно и однапред предвидливо финале по кое Силекс незаслужено беше исфрлен од игра за настап во Лига Европа.