gogo

A+ R A-


Спировски: Би сакал да го повторам ланското ремек-дело од 30 метри во Кратово (ВИДЕО)

Спировски: Не смееме да дозволиме никакво опуштање во нашите редови!

„Вардарци“ на последното гостување во Кратово триумфираа со 1-3. Стрелец беше и Стефан Спировски. Играчот од средниот ред од слободен удар од триесетина метри успеа да постигне прекрасен погодок. Сега посакува реприза од тој натпревар.

„Би немал ништо против повторно да постигнам таков гол на истиот терен против истиот противник. Меѓутоа за мене најважно е Вардар да ги освои бодовите од оваа средба, без разлика кој ќе постигне гол. Јас и целиот тим на Вардар сакаме да ја продолжиме серијата на победи. Оваа предност која што ја направивме на табелата не смее да дозволи никакво опуштање во нашите редови, туку одиме максимално до крајот на сезоната, на победа како и на секој натпревар. Се надевам дека на утрешниот натпревар ќе оствариме нов триумф и дека ќе ги земеме бодовите од натпреварот со Силекс кој што на домашен терен може секого да победи. Сепак, ни ќе дадеме се од себе за уште една победа“ – вели Спировски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.