Штипјани најмногу му забележаа на судијата Марјан Марковски за недосудениот пенал во 59-та минута, при резултат 1-0 за Силекс. Се крена голема врева околу тој спорен момент, кој по гледањето на видео-снимката се покажа дека воопшто не е спорен, затоа што не само што нема прекршок од Иванов врз Јовановски, туку може да се каже обратното, дека гостинскиот играч го сруши стоперот на Силекс.

















