Кратовци дефинитивно го пополнија својот ростер за пролетниот дел од сезоната. Последното засилување е Марко Рајковиќ (26), висок 193 см, напаѓач од нашиот северен сосед. Последен клуб му бил Слобода Ужице, а претходно играл и за Металац, Колубара, Аполонија (Албанија), Телеоптик, Сингелиќ. Од него, како и од Петар Икиќ, се очекува дожд од голови, имајќи предвид дека кратовци есенва беа крајно неефикасни.
Српската колонија во Силекс е збогатена со името и на Дејан Ристов, квалитетен играч за врска кој играл за Раднички Пирот.
Деновиве пристигна и Иво Јанакиевски (25), играч за врска кој доаѓа од Тетекс. Покрај „штофарите" тој го носел дресот и на екипите на Металург, Тиквеш, Љубанци, Македонија ЃП, Борец. Со него стручниот штаб на Силекс добива поголема конкуренција во средниот ред.
Претходно потпишаа Андреја Ефремов, Виктор Серафимовски кој дојде од Беласица, голманот Стефан Истатов и Андриан Чаволи кој има играно и за Металург од Скопје.
Кратовци уште неколку дена ќе остана во Негорски бањи, а потоа се селат во Охрид каде треба да одиграат неколку пријателски средби.
Српски засилувања во Силекс - Рајковиќ, Ристов, Икиќ...
Најново
![]() | Денеска | 4031 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 25156 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 16426 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20934435 |