gogo

A+ R A-


Стефан Рудан: Тетекс не е истиот од лани, ќе треба многу напор за 3 бода

Фудбалерите на Силекс, се чини, го преболеа поразот од скопски Вардар и со залечени рани влегуваат во утрешниот дуел со фенерџијата Тетекс. altНавидум, јавноста очекува лесен меч за кратовци и сигурни три бода против тимот кој досега има само шест бода на табелата. Но, така не мисли столбот на одбраната на Силекс, српскиот интернационалец Стефан Рудан, кој на минатиот меч ги одлежа жолтите картони и се враќа во строј.
-Мечот со Вардар го заборавивме и целокупното внимние ни е свртено против следниот противник. Го анализиравме Тетекс и заклучивме дека тоа не е истиот противник од есенската полусезона. Свесни сме дека нема воопшто да ни биде лесно да стигнеме до трите бода, но тоа се бодови кои ни се многу значајни во продолжение на првенството. Натопениот терен со вода ќе влијае на квалитетот на играта, но ако секој играч го даде својот максимум, Силекс утре ќе слави - истакна Рудан.
Судија на утрешниот меч ќе биде кавадарчанецот Зоранчо Темелков.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.