На Кате и подарив гол пред 45.000 гледачи
пишува - Оливер Арсовски
Љубовната романса меѓу фудбалерот Стевица Ристиќ и кратовчанката Катерина, исполнета со многу пријатни изненадувања продолжува и во далечната Јужна Кореја. Минатото лето популарниот Стево и подари 101 роза на својата сопруга за нејзиниот роденден, а еден месец подоцна и подари БМВ кабрио за раѓањето на синот Стефан. Ова лето сопругата Кате му приреди изненадување на сопругот, тетовирајќи го неговото име на левата рака. Сепак, најубавиот подарок за петгодишнината од нивниот брак, Кате го доби завчера пред 45.000 гледачи на стадионот во Сувон.
-И ветив на сопругата дека за годишнината од нашиот брак ќе и подарам победнички гол. Таа ме убедуваше да не играм на дуелот против Сеул, бидејќи веќе две недели влечам непријатна повреда на главата. Собрав сили, излегов на терен и пред крајот на мечот го одлучив победникот, и тоа по удар со повредената глава. Фанатични 45.000 навивачи паднаа во делириум, а меѓу нив најсреќна беше мојата Кате, која е редовен декор на трибините на моите натпревари. – ни рече пресреќниот Ристиќ.
Среќата која го следи во семејниот живот и клупскиот фудбал, сепак му врти грб на репрезентативен план. Стевица и покрај седумте погодоци на девет првенствени меча, упорно очекува повик од селекторот Џон Тошак, но засега предност добиваат недоволно докажани фудбалски имиња.
http://www.vest.com.mk/flipbook/3385/index.html#/11/zoomed