Почна реконструкцијата во прволигашот од Кратово. Целта е зацртана, експресно враќање во елитното друштво, каде реално Силекс и припаѓа, а првиот чекор е веќе направен. Прославеното име на Силекс, Стевица Ристиќ, седнува во директорската фотелја на клубот од Кратово, како спасител кој треба да го врати Силекс не само во Првата лига, туку и на старите шампионски патеки.
Го чека тешка работа, за почеток ќе мора да склопи тим кој ќе биде конкурентен на Вардар, Велешта, Охрид и Гостивар, како главни конкуренти за враќање во елитата. Му посакуваме успешна работа и што помалку седење во фотелјата, туку работа на терен. Да го потсетиме дека тој е последниот играч на Силекс што направил „ѕвездена“ кариера, играјќи во богати клубови во Јужан Кореја, јапонија, Узбекистан, Русија. Пред него Игор Митрески, Срѓан Захариевски, Никола Ѓошевски се вивнаа во височините користејќи го дресот на Силекс, а по него никој. Очекуваме добар скаутинг, квалитетен избор на играчи и во следниве години Силекс да биде повторно во врвот на македонскиот фудбал.
Стевица Ристиќ ќе го враќа Силекс во елитата, но како директор
Најново
![]() | Денеска | 8448 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 17178 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 8448 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20926457 |