gogo

A+ R A-


Стевица Ристиќ најавува погодок утре против родната Србија

alt

Стевица Ристиќ, македонскиот репрезентативен напаѓач е роден во Вршац, соседна Србија, па утре на Националната Арена „Филип Втори“ ќе има измешани чувства, затоа што е Србин, а ќе ја претставува Македонија.

 

„Јас сум роден и живеам во Србија, моето семејство е таму. Ќе имам измешани чувства и пред и по мечот. Тоа е сигурно. Сепак, за тие 90 минути, кога го носам македонскиот дрес, јас го претставувам македонскиот народ. Тогаш нема да има сентименталност. Имам мала повреда на грбот, и не сум стоотсто сигурен дека ќе играм. Се надевам дека ќе бидам на теренот. И за жал, ќе мора да мојата Србија да и дадам гол“, рече Ристиќ за српскиот портал „sportal.rs“.

Ристиќ застана во одбрана на капитенот Горан Пандев, кој доби жолт картон во финишот од мечот против Хрватска и сега ќе го пропушти мечот со Србија, а италијанските медиуми веќе објавија дека сето тоа е намерно, за македонскиот ас да биде потполно подготвен за мечот со Јувентус, кој Наполи го игра викендов.

„Тоа е смешно. Нема ни малку вистина во тоа. Пандев сакаше само побрзо да ја земе топката. Беше индирект, дури не му приговори на судијата, а доби картон. Навистина чудна ситуација. Сигурно е дека без Горан ќе ни биде потешко, но што е тука е“, додава Ристиќ.

Ристиќ ја пофали феноменалната публика на „Филип втори“, а и како и сите други репрезентативци, жали за загубените бодови во досегашниот дел од квалификациите.

„Хрватска не победи двапати без игра. Заслуживме бодови во двата меча, а останавме со кратки ракави. Заслуживме пет-шест бода досега. Штета е што имаме само бод, но не се предаваме до крај. Јас не памтам кога имало толкав интерес за нашите мечеви. Тоа беше невидена еуфорија. Цела Македонија живееше за мечот, се тргна како во бајка…Сега ми се чини атмосферата малку спласна, оставивме полош впечаток од првите два меча, но Србија е атрактивен противник и јас се надевам дека ќе имаме огромна подршка“, додаде Ристиќ.

www.mkd.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.