gogo

A+ R A-


Стевица Ристиќ се сели во „земјата на изгрејсонцето“, во јапонскиот Шонан

http://static.mozzartsport.com/img/news/c/4/8/13609382754837.jpg

По Никола Јакимовски (Нагоја) и Блаже Илијоски (Гифу), нашата земја ќе има и трет претставник во фудбалската лига на Јапонија. Повремениот репрезентативец Стевица Ристиќ потпиша договор со јапонскиот прволигаш Шонан Белмаре, тим кој по 20 кола во „Џеј-лигата“ се наоѓа на 16-тото место и е во зоната на испаѓање.

-Отсекогаш посакував да играм во Јапонија еден ден, и многу сум среќен што Шонан Белмаре ми ја овозможи оваа шанса. Ќе дадам се од себе да му помогнам на тимот да за да ја подобриме реализацијата – изјави популарниот Стево за клупскиот сајт, алудирајќи на слабата ефикасност на Шонан, кој има само седумнаесет погодоци на дваесет меча. Шонан е нов прволигаш, кој настапува на стадион со капацитет од 18.000 гледачи. Тој ќе биде третиот странец во тимот, каде има по еден Бразилец и Боливиец.
Ристиќ кариерата ја започна во српскиот нисколигаш Вршац, пред да се пресели во кратовски Силекс. Потоа следуваше богата интернационална кариера со настапи за корејските тимови Чонбук, Поханг и Сувон, а го носеше дресот и на узбекистанскиот Бунјодкор и рускиот Амкар.  Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.