gogo

A+ R A-


Стевица Ристиќ слета во „змејско гнездо“ во Јеонам

Јужна Кореја ми е судена земја, тука се чувствувам како дома. Ова се зборовите на поранешниот фудбалски репрезентативец Стевица Ристиќ откако потпиша двегодишен договор со корејскиот Чунам Драгонс, клуб кој пред неколку дена го смени името во Јеонам. Со овој трансфер Ристиќ направи кам-бек во корејското првенство, каде тој во минатото имаше ѕвездени моменти во дресот, првин, на Чонбук, а потоа и на Поханг и Сувон. Минатата есен имаше краткотрајна авантура во јапонскиот Шонан Белмаре, клуб кој испадна од елитата и го ослободи од обврските македонскиот напаѓач.

alt-Немав никакви дилеми дали сакам повторно да се вратам во Јужна Кореја, единствена дилема ми беше која понуда да ја прифатам. Имав понуди и од поголеми клубови, но се одлучив за Чунам поради респектот кој го покажаа кон мене. Сите услови што ги побарав, а не беа малку, претседателот и тренерот без размислување ги прифатија. Ме радува тоа што мојот Чунам зимава интензивно купува фудбалери и гради тим кој следната сезона би требало да се вмеша во битката за врвот. На пазарот е активен и Чонбук, Сеул ги продаде најдобрите играчи во Кина, а во Сувон има големи внатрешни превирања. Корејскиот шампионат ми е веќе домашен, очекувам многу голови и да станам повторно миленик на публиката – ги изнесе првите впечатоци Ристиќ, кој заедно со хрватскиот интернационалец Санди Крижман се првите засилувања во Чунам

altИскусниот напаѓач очекува две сезони исполнети со многу голови и достигнување на врвот во својата клупска кариера, но веќе нема никакви амбиции што се однесува до репрезентативниот дрес.

-Таа тема за мене е завршена. Имам 31 година и се чувствувам престар за репрезентацијата. Оставам на младите генерации да го унапредат квалитетот на македонскиот репрезентативен фудбал, а јас комплетно се свртувам кон клупската кариера и семејните обврски – заврши Ристиќ.   Оливер Арсовски

http://www.vest.mk/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.