gogo

A+ R A-


Стојанче Насевски голгетерски расположен, триумф над Осогово

Кратовци во Кочани славеа победа од 3-0 против третолигашот Осогово. Стојанче Насевски со два гола уште во првиот дел од средбата донесе водство за Силекс, а во вториот дел триумфот го потврди Никола Георгиев. И на претходниот контролен меч со Македонија ЃП, Чоко беше стрелец и полека се наметнува како прва опција во нападот на Силекс. Одличен меч одиграл и Холанѓанецот Натано.
alt

Силекс за пролетниот дел од сезоната, покрај со претходните шест засилување, ќе смета на уште еден фудбалер од Србија, фудбалерот од средниот ред Мирослав Савановиќ кој доаѓа од Дрина Зворник од БиХ, а претходно во својата кариера има настапи и за српските клубови Борац Чачак, Јагодина, Млади Радник, Колубара...

Тимот од Кратово, по денешната контролка, од утре се сели во Охрид каде ќе ја реализира завршната подготвителна фаза комбинирана со неколку пријателски натпревари. Засега пријателски натпревари се договорени со второлигашите Корзо и 11 Окромври како и прволигашот Напредок. Во пролетниот дел од сезоната кратовчани ќе настапуваат во опрема од италијанскиот производите ЛЕГЕА.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.