gogo

A+ R A-


Стојчевски: Ни се врати самодовербата, во Ѓорче одиме по три бода

Во ведра атмосфера, со насмевки на лицата, експедицијата на Силекс утринава тргна на патување во скопско Ѓорче, каде ги чека исклучително тежок меч со домаќинот Македонија ЃП. Домаќините се во незавидна позиција, на самото дно со Брегалница, а овој меч го гледаат како можност за излез од кризата. Од друга страна, кратовци со две врзани победа, по онаа над Брегалница, дефинитивно ќе испливаат во безбедната зона на табелата, со солидна предност пред конкурентите.
-Нема лесни мечеви, без разлика на квалитетот на противникот. Добро се подготвувавме цела недела, новиот тренер Жикица Тасевски за кусо време ја подигна самодовербата на играчите на високо ниво. Во една таква ситуација, со сиот респект кон противникот, одиме по три бода во Ѓорче. Се надевам дека ќе влеземе во една победничка серија која ќе не искачи повсиоко на табелата - вели Стојан Стојчевски, бескомпромисниот столб во одбраната на Силекс, која, ако ги изземеме трите мечеви со гигантите Вардар и Шкендија, прими само 7 погодоци на девет мечеви. 
Судија на мечот ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје, а фаворит според букмејкерите е домаќинот со квота 2.30, додека за победа на Силекс квотата е 2.80. alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.