gogo

A+ R A-


Стојчевски: Ни требаат бодови „ПодТумбе кафе“ за излез од кризата

altПокрај дуелот Работнички - Шкендија, кој ќе биде дерби на седмото прволигашко коло, внимание привлекува и дуелот во Битола меѓу Пелистер и Силекс. Двата тима имаа одличен старт во новото првенство, но влегоа во мала криза во последните 2-3 кола. Кратовци на последните три меча освоија само два бода, додека битолчани претрпеа два пораза на последните два меча. Мечот „под Тумбе кафе“ се очекува да донесе возбудлив фудбал, затоа што и двата тима бркаат бодови за излез од кризата. Благ фаворит ќе биде домаќинот, затоа што ќе игра пред многубројната домашна публика, но тоа може да биде само мотивација плус за кратовци.
-Фудбалот се игра за бодови, но задоволството е поголемо кога се игра пред полни трибини. Нема дилеми, не очекува доста тежок меч во Битола. Пелистер има добар тим и игра одлично сезонава. Сепак, ние пред се ќе обрнеме внимание на нашата игра, на она што ќе го добиеме како тактички задачи од стручниот штаб. Ако го исполниме договорот и одиграме на посакуваното ниво, очекувам да стигнеме до позитивен резултат - вели стоперот Стојан Стојчевски, кој на последните мечеви игра стандардно и на високо ниво.
Судија на мечот кој се игра в недела од 15.30 ќе биде штипјанецот Стојанче Стојанов.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.