gogo

A+ R A-


Стојчевски: Пелистер е силен тим, ќе биде тврд натпревар

altФудбалерите на Силекс и Пелистер денес (16.30 ч.) ќе ја имаат првата од четирите директни пресметки, од кои многу ќе зависи конечниот исход на табелата. Јасно е дека и годинава кратовци и битолчани ќе водат грчевита битка за третото и четвртото место, односно за излез во Европа, а „бербата“ на бодови на меѓусебните дуели на крајот може да се покаже и одлучувачка.
-Одлично го познаваме противникот, имаат силна екипа која лани играше во еврокуповите. Плус летово дополнително се засилија со неколку фудбалери и добар тренер. Тоа значи дека не очекува тврд натпревар, впрочем како ланската сезона кога на првите три пресметки падна само еден гол. Во мечот ќе влеземе многу внимателно, ќе ја чекаме нашата шанса и верувам дека ќе ја дочекаме, за на крај ние да се радуваме - истакна Столе Стојчевски, играчот со големо срце и еден од највоинствените на теренот.
Судија на мечот ќе биде интернационалецот Александар Ставрев.
Во обложувалниците мал фаворит е Силекс, со квота 2.30 за победа.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.