gogo

A+ R A-


Сторија за Денис Махмудов - од фудбалски анонимус до напаѓач на Цволе

Во најквалитетните европски фудбалски првенства вистинска реткост е фудбалер да направи директен трансфер од третолигаш во клуб од елитното друштво, а токму тоа му се случи на Македонецот Денис Махмудов. Овој фудбалски анонимус, потполно непознат на спортската јавност, деновиве ја живее фудбалската бајка, откако дресот на холандскиот третолигаш Ексцелсиор 31 го замени со дресот на прволигашот Цволе.
alt-Не кријам дека деновиве живеам во фудбалска бајка, затоа што ваква прилика се пружа еднаш во животот. Челниците на Цволе ми дадоа прилика во следниве 18 месеци да ги докажам своите напаѓачки квалитети и со голови да им вратам за укажаната доверба. Впрочем, тоа е работата која најдобро знам да ја правам и убеден сум дека мојата кариера ќе оди по нагорна линија – ни рече левокрилниот напаѓач.
Денис Махмудов е роден во Велес пред 24 години, во семејство во кое сите се фудбалери, а татко му настапувал за футсал клубот „Дени комерц“.

-Првите фудбалски чекори ги направив во родниот град, во дресот на Борец. Тогаш татко ми одлучи мене и брат ми да не однесе во Холандија, каде минав низ младинските школи на АГОВ Апелдорн и Витесе. Сениорската кариера ја почнав во АГОВ, а лани експлодирав во дресот на третолигашот Ексцелсиор 31, каде за сезона и пол постигнав 35 погодоци. Тоа беше одлична препорака за челниците на Цволе да ме ангажираат, а за мене е посебна сатисфакција што директно од третолигаш направив трансфер во прволигаш. Имам голема желба да го облечам дресот на македонската репрезентација. Јас сум убеден дека Цволе ќе ме вивне меѓу ѕвездите, а моите голови ќе бидат доволна препорака за да добијам повик од селекторот Бошко Ѓуровски – вели напаѓачот Махмудов.        Оливер Арсовски

објавено во www.vest.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.