Момчило Митевски можеше да има старт од соништата на клупата на Силекс, доколку судијата Дејан Јакимовски не досудеше пенал во 86-тата минута за домаќинот Беласица, смешен пенал што не се суди ни во шеста лига, а камоли во елитата. Силекс поведе на почетокот од вториот дел со голот на Боби Георгиев, и кога се очекуваше мечот да го приведе во мирна завршница, на сцена стапи судијата Дејан Јакимовски. Еден старт на Димитар Иванов врз домашниот играч, со минимален контакт и тоа откако веќе топката беше уфрлена во шеснаесетникот, Јакимовски како одвај да чекаше за да покаже на белата точка. А зошто покажа, е тоа го знае само тој. На Зоран Балдовалиев тоа не му пречеше и погоди за конечни 1:1.
Гнев, револт во таборот на Силекс, кратовци со плачливи лица го напуштија теренот на стадионот „Младост"...
„Да, Јакимовски ни ја украде победата. Со децении сум во фудбалот, но вакво нешто не сум видел.Ова е најневеројатниот пенал можеби во историјата на нашата Прва Лига. СРАМОТА. Кога во 86.минута судијата Дејан Јакимовски покажа на белата точка верувајте дека се чудеа и домашните играчи, а од трибините гледачите се смееја. Но што да се прави, јас никогаш не сум коментирал судиски одлуки, секој може да погреши, но ова што се случи денеска во Струмица е просто несфатливо. Човек да се замисли дали вреди да се работи во мак –фудбалот после ова што денеска ни се случи", изјави Момчило Митевски, стратегот на Силекс.
Судијата Јакимовски го зацрни Силекс, досуди пенал што не се суди ни во шеста лига
Најново
![]() | Денеска | 4041 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 25166 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 16436 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20934445 |