Фудбалскиот првилигаш Силекс сезонава игра над сите очекувања, буквално „меле“ се пред себе и по седум кола се најде на втората позиција на прволигашката табела, со четири победи, две ремија и само еден пораз од лидерот Струга. Токму кога кратовци влегоа во неверојатна натпреварувачка форма, им се случи нешто што ретко се случува дури и во светски рамки, пауза од цели три недели без ниту еден одигран официјален меч. Првин беа слободни во 8 лигашко коло поради откажувањето на Ренова, па го прескокнаа и Купот бидејќи како лански финалисти директно се пласираа во следната рунда. Потоа следуваше пауза поради настапите на репрезентацијата во Лигата на нации, а тоа значеше 22 дена без официјален меч. Последниот меч кратовци го одиграа на 10 септември против Македнија ЃП, а следниот им е закажан за 2 октомври против Шкупи. Дали паузата негативно ќе се одрази врз пулените на Горазд Михајлов или не, ќе покаже времето. Во меѓувреме кратовци одиграа пријателски меч во Струга против лидерот Струга Трим Лум и му го нанесоа првиот пораз на составот кој го предводи Срѓан Захариевски, па макар и на неофицијален меч.
Најново
Денеска | 2598 | |
Вчера | 3181 | |
Оваа недела | 20972 | |
Минатата недела | 21447 | |
Овој месец | 42419 | |
Минатиот месец | 71403 | |
Вкупно | 20046025 |