gogo

A+ R A-


Темелков од Силекс се пресели во Вардар

altАлександар Темелков, 24-годишниот досегашен фудбалер на Силекс, е второто засилување на Вардар за новата натпреварувачка сезона.

По Драган Георгиев, кој прв го официјализираше договорот со новиот македонски шампион, денеска договор за идна соработка постигна и фудбалерот од средниот ред, Александар Темелков.

„Темелков ни се приклучува на подготовките како второ ново име во нашите редови“ – изјави шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски, кој дополнува дека од денеска на подготовките на тимот се приклучиле и нигерискиот фудбалер Абрахам Алеченву, но и уште еден шпански фудбалер од нападот, кој доаѓа од редовите на третолигашот Леида, 27-годишниот Жорге Хименез.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.